Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    СЕДУМТЕ

    Бренд: Три

    Автор: Илина Арсова
    Издавачка куќа: Издавачки центар ТРИ
    ИСБН: 9786082308456
    Година: 2022
    Димензии: 21
    Корица: Мека
    Шифра: 100350
    ден 450,00
    ден 399,00
    i h

    „Седумте“ е дело кое нема да ве однесе само на падините и на врвовите на далечните, за повеќето од нас сосема недофатливи, па и незамисливи светови. Овој патопис на Илина Арсова е документ не само за нејзините патешествија и подвизи што оставија неизбришлива трага во историјата на македонскиот спорт, туку претставува и архив на едно време во кој преку длабоко искрен приказ на личното – од размислите до животните приказни на авторката – стигнуваме до пресек на болните проблематики на современото македонско општество. 
    Румена Бужаровска, писателка, професорка

    „Седумте“ е мистично, адреналинско, авантуристичко патување по светот, но е уште повеќе длабоко, внатрешно патување кон сопствениот гравитационен центар. Прелетувајќи преку тропските бои, џагор и мириси на Истокот, низ чудесниот остров на Екваторот проткаен со вулкански карпи, корални формации и неверојатен биодиверзитет, низ глечерите на Хималаите и бескрајната белина на Антарктикот, „Седумте“ слетува во најдлабоките прашуми на срцето и душата. Токму таму, Арсова суптилно и безрезервно ги отвора темите за љубовта, страста, тагата, дилемите и одлуките поради кои е нешто засекогаш загубено или, пак, занавек сочувано.        
    Маја Мухиќ, професорка и вљубеничка во адреналинските спортови

    Илина е име изведено од дарежливост, среќа, насмевка, утеха, љубов. Нејзината книга е сведоштво за вистинскиот балон кој самите си го создаваме, но таа умешно е надвор од него. Кога ќе си ја спомнете, пред вас е широката насмевка која зрачи со љубов и мудрост. Има вештина! Одете и пробајте некоја ваша вештина, ќе паднете во стапица! Илина вешто ги создава стапиците и ги совладува!
    Оваа книга треба да си ја имате поблиску до себе. Зборовите стануваат ваши. Илина копнеж, стремеж, врзување, допирач на ѕвезди, чувар на пеперутки и безусловно слободна!
    Весна Петрушевска, актерка

    „Седумте“ се патописи за љубовта, за планините, за уметноста, за карпите, за езерото, за екологијата и упатства за управување со отпадот (четиво за младите генерации). За живот исполнет со спортување. Спортот за неа е лек за многу физички и психолошки состојби, а несомнено помага во градење на самодовербата и дисциплината на една личност.
    „Седумте“ е книга за копнежот на Илина по нови нешта, остварување на мали и големи цели со предизвици, дестинации. Книга пишувана со искреност соголена до коска.
    Илина е жител на светот, зависник од патувања, во постојана трка со времето, со планинските врвови што ја прават неизмерно среќна. Постојано се вљубува во нови работи што одбира да ги прави, што е нејзина неприкосновена пасија.
    Во својот номадско-авантуристички живот е растргната меѓу различни хобија, креативна дејност, активизам, волонтерска работа, спортување, патувања... Зборот досада за неа е непознаница.
    Илина Арсова е нашата национална хероина.

    Катица Гароска Ацевска, планинарка, книжевна преведувачка

    Токму нејзиниот поглед, полн со решителност и мекост, ме плени во првата (виртуелна) средба со Илина Арсова. Од неа зрачи суптилна мешавина на сила и спокојство. Нејзиниот тон, термините што таа секогаш внимателно ги избира, ја покажуваат рамнотежата која би требало да постои меѓу луѓето и природата. Нејзините достигнувања имаат длабоко чувство на почит и поклон кон планината. За неа одењето до врвот е синоним за внатрешно патување. Тој никогаш не се освојува, можете само привремено да застанете на планинскиот врв, притоа достигнувајќи го својот.

    Ванеса Буше, фотографка, новинарка и скијачка

    Искрена, луцидна, интригантна, номатка, авантуристка – токму како што кажуваат почетните букви од нејзиното име – Илина ни раскажува не само за светот чие дете е, туку и за својот свет, и за нашиот свет. Свет со врвови од кои запира здивот, но и со длабоки, неистражени долини и пештери. Свет со божествена убавина, загрозен од нашата негрижа. Овие страници, проникнати со восхит и длабока почит кон природата, се освестувачка шлаканица за човештвото кое не знае да го цени тоа што го има.
    Ова не е книга само за освојување на врвовите на светот. Туку и за нашите сопствени, внатрешни врвови. За негувањето на сонот и неговото остварување. За издржливоста. И најмногу за љубовта – кон ближните, кон природата, кон светот – која ни е неопходно потребна во овој отуѓен свет.
    Виолета Танчева-Златева, писателка и лекторка

    0.0 0
    Рангирајте го производот Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично

    Ознаки за производ