Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Политика за приватност

    Последен пат променето на 18.05.2020 година

    Политика за приватност на веб страницата www.rakupen.mk со која управува Друштвото за трговија и услуги РАКУПЕН ДОО Скопје. 

    1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата на Друштвото за трговија и услуги РАКУПЕН ДОО Скопје (во понатамошниот текст: РАКУПЕН) се уредуваат начините на кои се собираат, користат, одржуваат и откриваат податоците собрани од корисниците (вопонатамошниот текст: Корисник/ци) на веб страницата www.rakupen.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).

    2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни доколку до нив пристапите преку нашата веб страна.

    3. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Халк Банка АД Скопје. Ракупен ДОО Скопје нема простап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

    4. Посетата на нашата Веб страница и анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од корисниците (лични податоци за идентификација и информации за контакт) само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формуларот за регистрација за купување од нашата интернет продавница.

    5. Со прстапување и користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница и да го прекинете пристапот.

    6. Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.

    7. По исклучок, податоците може да бидат искористени  и за понуда на други производи и услуги на Ракупен ДОО Скопје, под услов лицето кое се регистрирало изречно да ја потврдил својата согласност за таквиот начин на користење на неговите податоци.

    8. При вршење на регистрација и креирање профил на Ракупен, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:

    -    име и презиме

    -    e-mail адреса

    -    адреса за испорака на нарачката и

    -    телефон за контакт.

    Дополнително освен горенаведените податоци од нашите корисници се собираат и други податоци во зависност како корисниците вршат интеракција со веб страната. Податоци може да се собираат при користење на веб страната и пристапување од мобилен или десктоп уред, кога корисниците одговараат на електронски пораки (e-mail), кога контактираат се вработени во Ракупен ДОО Скопје или техничка поддршка, кога остават сугестии и коментари на сајтот, коментираат на нашите профили на друштвените мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер и слично,  кога даваат информации на наши партнери.

    9. Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со важечките законските прописи на Република Северна Македонија.

    10. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

    11. Ракупен ДОО Скопје ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба. Обработката на Вашите лични податоци се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во РАКУПЕН ДОО Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. РАКУПЕН ДОО Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

    12. Промотивни е-маил пораки за маркетинг цели:

    Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "отчлени се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инструкциите за да го комплетирате отчленувањето. Сепак Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.

    13. Нашата страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот или мобилниот уред на посетителот од страна на веб серверот и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата РАКУПЕН ДОО Скопје го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

    14. Доколку сте регистрирани на нашата Веб страница, врз основа на Ваше писмено барање Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

    15. Ракупен го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

    16. Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани, изменети или избришани, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: support@rakupen.mk