Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Политика за колачиња

    Кога ќе го посетите сајтот www.rakupen.mk или ги користите нашите услуги, Ракупен и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Тука ќе се запознаете со политиката за користење колачиња на веб станата www.rakupen.mkво сопственост на ДТУ Ракупен ДОО Скопје.

    Веб страната www.rakupen.mk користи колачиња за да за да го подобри корисничкото искуство, односно да се персонализира искуството за секој клиент кој ја посетува и се регистрира на веб страната. Во овој дел ќе ги објасниме технологиите кои ги применуваме и ќе ве запознаеме со Вашите права за промена и контролирање на употребата на таканаречени „колачиња“. Прв пат кога ќе пристапите на веб страницата www.rakupen.mk ќе добиете порака, односно ќе се појави прозорче кое ве известува дека користиме колачиња, со можност да изберете кои колачиња сакате веб страната да ги користи. Постојат 4 вида „колачиња“ кои ги користи веб станата, а вие имате можност да дозволите или забраните кои од тие сакате да бидат користени. Видовите на колачиња кои ги користи веб страната се следни:

    Задолжителни - Задолжителните колачиња ја прават страницата употреблива, односно овозможуваат основни функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Rakupen.mk користи колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на оваа веб-страница за да овозможат одредени технички функции и за да обезбедат позитивно корисничко искуство. (без овие колачиња не можете да ја користите веб страната)

    Трајни - Овие колачиња обично имаат датум на истек далеку во иднината и ќе останат во вашиот прелистувач додека не истечат, или додека не ги избришете рачно. Ние користиме постојани колачиња за функционалност, како што се "Останете најавени" tickbox, што го олеснува пристапот на корисникот како регистриран корисник. Исто така, користиме трајни колачиња за подобро разбирање на навиките на корисникот, за да можеме да ја подобриме веб-страницата според вашите навики. Оваа информација е анонимна – не ги гледаме поединечните кориснички податоци. Колачето што се користи е site_cookie_info и се чува една година.

    Статистика - Статистичките колачиња со анонимно собирање и испраќање на податоци им помагаат на сопствениците на сајтовите да разберат како посетителите комуницираат со страната. Ова се колачиња кои овозможуваат Rakupen.mk да прави веб анализи, т.е. анализа на користењето на нашата страна и мерење на посетеноста, која Rakupen.mk ја применува за подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги.

    Маркетинг - Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица. Rakupen.mk користи Google Analytics колачиња ads/ga-audiences и collect, и Facebook колачиња.

    Секогаш кога ќе се појави прозорчето за колачиња „Задолжителните“ колачиња се штиклирани, а останатите три вида на колачиња не се „означени“, што значи дека со затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на означените колачиња, како што е објаснето во оваа политика за колачиња. Доколку продолжите со користење на веб страната, а не штиклирате било кој друг вид на колачиња тоа значи дека вие не се согласувате веб страната да ги користи/зачува тие колачиња, односно само со Ваша изрична согласност, односно одбирање на вид на колачиња, веб страната ќе ги користи истите соодветно согласно оваа Политика за колачиња.

    Не е задолжително да ги прифатите сите колачиња, освен задолжителните и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

    Што се колачиња?

    Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате веб страната. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот „тврд“ диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

    Колачињата кои што се директно поставени од веб страната се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, функции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на Rakupen.mk и Rakupen.mk нема контрола врз нив и како тоа ќе бидат истите искористени.

    Зошто се користат колачињата?

    Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат кориснички уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

    Оваа веб страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници се со цел за оптимизирање на вашето искуство на Rakupen.mk.

    Проследете ги линковите подолу за корисни информации околу колачињата кај популарните пребарувачи:

    Microsoft Internet Explorer: https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies

    Google Chrome: https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en

    Mozilla Firefox: https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences

    Apple Safari: https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US

    Kолачиња преку е-маил:

    Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник, односно два корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.

    Rakupen.mk ги чува одбраните колачиња од корисниците за период се додека истите не бидат отповикани или отстранети од самите корисници. За подетални информации за Вашите права како субјекти на лични податоци обратете се до офицерот за заштита на лични податоци на Ракупен ДОО Скопје на мејл адресата ivan.bres@rakupen.mk или обратете се до Агенцијата за заштита на личните податоци на РСМ на мејл адресата info@priovacy.mk. Како корисници на веб страната rakupen.mk Вие имате право да ги контролирате колачињата, односно да побарате да се избришат, да бидете известени за нивното користење, да датете согласност за нивното користење за подетални инфорамции обратете се на горенаведените мејл адреси.

    Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на Rakupen.mk која што објаснува што Rakupen.mk прави со собраните информации од нашите корисници. За повеќе иформации посетете ја Политиката за приватност. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувате ги политиките за да навремено се информирате при евентуални промени.