Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    АВТОБИОГРАФИЈАТА НА БЕНЏАМИН ФРЕНКЛИН

    Бренд: Арс Либрис

    Автор: Бенџамин Френклин
    Издавачка куќа: Арс ЛИБРИС
    ИСБН: 978-608-247-305-5
    Година на издавање: 2015
    Број на страни: 160
    Димензии: 145х207
    Корица: мека
    Јазик: МК
    Шифра: 100025
    Достапност: На залиха
    ден 250,00
    ден 212,00

    Малкумина се оние чијшто животен пат може да се спореди со оној на Бенџамин Френклин. Тој е речиси самоук, а прераснува, меѓу другото, во политичар, писател, изумител, печатар, научник и, конечно, во еден од најуспешните дипломати во американската историја. Остава голем авторски влог во Декларацијата на независноста, а подоцна учествува во мировните преговори со Велика Британија со која завршува Американската војна за независност. 

    Како пронаоѓач, најпознати од неговите изуми се бифокалните очила, печката што е именувана по него и, се разбира, громобранот.

    Неверојатно широкиот опсег на интереси и потфати на овој исклучителен човек се извонредно опишани во неговата Автобиографија, што се смета за едно од класичните дела на овој жанр воопшто. 

    Наумена првенствено да преставува водилка за неговиот син, Френклиновата автобиографија е еден живописен и фасцинатно раскажан автопортрет на неговиот, по многу нешта, уникатен и мошне исполнет живот. 

    Почнувајќи од периодот на детството и периодот на созревање, обележан со поривот за достигнување на високи етички начела, преку макотрпната работа како печатач и впуштањето во експериментите со електрицитетот, па сè до политичката кариера и успесите во тој домен, неговата Автобиографија, напишана во еден искрен манир и со разбирлив и јасен јазик и беспрекорен стил, денес веќе преставува класично дело во рамките на светската книжевност. 

    0.0 0
    Рангирајте го производот Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично

    Ознаки за производ